свет, Коронавирус

Бројот на откриени случаи со Ковид-19 во светот надмина 11,5 милиони

Најмногу случаи се откриени во САД, каде што 2.972.224 лица се заразени со овој вирус

Muhammet Nazım Taşcı  | 06.07.2020 - Обновена : 06.07.2020
Бројот на откриени случаи со Ковид-19 во светот надмина 11,5 милиони

АНКАРА

Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 11,5 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според интернет-страницата „Worldometer“, досега во светот со Ковид-19 се заразени 11.500.065 лица.

Најмногу случаи се откриени во САД, каде што 2.972.224 лица се заразени со овој вирус.

По САД следуваат Бразил со 1.579.837 откриени случаи, Индија со 697.836 откриени случаи, Русија со 681.251 откриен случај, Перу со 299.080 откриени случаи, Шпанија со 297.625 откриени случаи, Чиле со 295.532 откриени случаи, Велика Британија со 285.416 откриени случаи, Мексико со 252.165 откриени случаи, Италија со 241.611 откриени случаи, Иран со 240.438 откриени случаи и Пакистан со 228.474 откриени случаи.

Во Турција со Ковид-19 досега се заразени 205.758 лица.

Земји каде што бројката на откриени случаи со Ковид-19 надмина 50.000 се следни:

„Саудиска Арабија (209.509), Германија (197.558), Јужноафриканска Република (196.750), Франција (166.960), Бангладеш (162.417), Колумбија (113.389), Канада (105.533), Катар (99.799), Кина (83.553), Аргентина (75.376), Египет (75.253), Шведска (71.419), Индонезија (63.749), Белорусија (63.554), Белгија (61.838), Еквадор (61.535), Ирак (60.479), Обединети Арапски Емирати (51.540) и Холандија (50.335)“.

Како последица на Ковид-19 во светот починаа 535.463 лица, излекувани се 6.518.389 лица, додека 4.446.095 лица се во процес на лекување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.