Şeyma Uzundere
17 Јули 2021•Ажурирај: 19 Јули 2021
Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 190 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, во светот со Ковид-19 досега се заразени вкупно 190.416.752 лица.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот се заразени 34.929.856 лица.
Што се однесува до бројот на откриени случаи, по САД следуваат Индија (31.064.908), Бразил (19.308.109), Русија (5.933.115), Франција (5.844.249), Турција (5.514.373), Велика Британија (5.332.371), Аргентина (4.737.213), Колумбија (4.601.335), и Италија (4.281.214).
Како последица на вирусот во светот починаа 4.094.321 лице. Во светот регистрирани се 171.582.103 оздравени лица од вирусот, додека 12.741.328 лица се во процес на лекување.