Fuat Kabakcı,Şerife Çetin
12 Ноември 2020•Ажурирај: 13 Ноември 2020
ЊУЈОРК
Бројот на луѓето заразени со новиот тип на коронавирус во светот надмина 52,4 милиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според најновите податоци, бројот на случаи на заразување во светот се зголеми на 52.441.490.
До сега во светот од последиците на вирусот починаа 1.289.753, додека оздравеа 36.677.509 лица.
Пандемијата на Ковид-19 најтешко ги погоди САД, каде се заразени над 10,7 милиони лица.
Според бројот на заразените, по САД следуваат Индија (8.684.039), Бразил (5.749.007), Франција (1.865.538), Русија (1.836.960), Шпанија (1.463.093), Аргентина (1.273.356), Велика Британија (1.256.725), Колумбија (1.165.326) и Италија (1.028.424).