Gökhan Kavak
22 Јануари 2021•Ажурирај: 26 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 3 милиони и 381 илјадa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometers“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19.
Според последните податоци, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 3.381.034.
Исто така, вкупната бројка на починати на овој континент се зголеми на 82.893.
Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 2.821.948 лица.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19, како и откриени случаи со овој вирус се регистрирани во Јужноафриканската Република, Тунис, Мароко и Египет.