Adam Abu-bashal
14 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи од новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 600 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 7.934 случаи на Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.601.181.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 271 лице, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 38.633.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (18.028), по која следуваат Египет (6.071) и Мароко (2.685).
На Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (694.537), по која следуваат Мароко (156.946) и Египет (104.787).
Во Африка од вирусот досега се излекувани вкупно 1.323.354 лица.