свет, Коронавирус

Африка: 41.000 здравствени работници заразени со Ковид-19

- Мaтшидисо Моети, регионална директорка на СЗО во Африка, даде изјава по повод Светскиот ден за безбедност на пациентите, при што нагласи дека во Африка 41.000 здравствени работници се заразени со овој вирус

Adam Abu-bashal  | 18.09.2020 - Обновена : 20.09.2020
Африка: 41.000 здравствени работници заразени со Ковид-19

АБУЏА

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека 41.000 здравствени работници на африканскиот континент се заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Мaтшидисо Моети, регионална директорка на СЗО во Африка, даде изјава по повод Светскиот ден за безбедност на пациентите, при што нагласи дека во Африка 41.000 здравствени работници се заразени со овој вирус.

Моети подвлече дека 3,8 отсто од заразените на овој континент се здравствени работници.

„Во некои земји како Сиера Леоне и Брегот на Слоновата Коска, постигнат е напредок во намалување на стапката на инфекциите кај здравствените работници. Во некои земји како Еритреја, Руанда и Сејшелите не е забележан Ковид-19 кај ниту еден здравствен работник“, рече таа.

Според неа, здравствените работници се изложени на најголем ризик на инфекција поради нивната работа.

Инаку, бројот на откриени случаи со Ковид-19 во Африка надмина 1,38 милион, додека над 33.000 починаа како последица на овој вирус.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın