Mesut Zeyrek
18 Септември 2020•Ажурирај: 20 Септември 2020
КЕЛН
Во Германија, во подрачјето на Паулиненауе, северозападно од Берлин, падна мал авион, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Авионот паднал во една ливада непосредно по полетувањето. Во несреќата животот го загуби 68-годишниот пилот, а тешки телесни повреди претрпе 38-годишниот патник.
Патникот е хоспитализиран и е во стабилна состојба. Сѐ уште не се утврдени причините за падот на авионот.