Admir Fazlagic
11 Август 2020•Ажурирај: 12 Август 2020
СКОПЈЕ
Финска ќе воведе задолжително тестирање на коронавирусот (Ковид-19) и карантин за патници од одредени земји со висок ризик, откако 24 од 157 патници кои пристигнаа од Скопје во Финска, излегоа позитивни на тестирањето на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што објави новинската агенција „Ројтерс", „доброволното тестирање било организирано во саботата на аеродромот во финскиот град Турку, на југозападот на земјата, за сите патници што пристигнале со авионот од Скопје, откако властите заклучиле дека летовите од Северна Македонија и од Букурешт во Романија се два главни извори на новите инфекции со коронавирус во Финска", изјави на прес-конференција финската министерката за семејни работи и социјални услуги Криста Кијуру.
„Епидемијата постои Балканот“,рече министерката Кијуру говорејќи за неодамнешното благо покачување на случаевите со Ковид-19 во Финска.
„Задолжителен карантин во траење од две недели и тестирање на Ковид-19 по случаен избор по пристигнувањето во Финска ќе се применуваат за секој што ќе пристигне од земја со повеќе од 8 до 10 нови случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во последниот 14. дневен период", соопштија властите во Финска.
Како што се наведува во веста, моментално правилото важи за повеќето земји, со исклучок на 25 земји како што се Италија, Јапонија, Грција и Норвешка, во кои бројот на заразени од коронавирусот останува низок.
Меѓу другото, се наведува дека финската министерка Кијуру изјавила и дека авиокомпанијата ќе мора да им најави на своите патници дека ќе бидат тестирани на Ковид-19 при доаѓањето на финската територија, а кршењето на двонеделниот карантин ќе се казнува со три месеци притвор или парична казна.
Во Финска, минатата недела, бројот на случаи со Ковид-19 изнесуваше 2,3 на 100.000 жители во текот на 7 дена, со што имаше вкупно 7.601 случаи на Ковид-19 и 333 потврдеи смртни случаи.
Во Република Северна Македонија во последното деноноќие регистрирани се 109 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 11.942. Вкупната бројка на смртните случаи предизвикни од Ковид-19 изнесува 528.
Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 3.327.