İdris Sülün
15 Септември 2021•Ажурирај: 16 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ во ноември ќе се обрати до американската Управа за храна и лекови (ФДА) за вакцинирање против коронавирусот на децата на возраст од шест месеци до пет години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Финансискиот директор на компанијата „Фајзер“, Франк Д’Амелио, рече дека компаниите „Фајзер“ и „Бајонтех“ во ноември ќе побараат одобрување од ФДА на вакцината против Ковид-19 за деца на возраст од шест месеци до пет години, пишува „Политико“.
„Фајзер“ претходно најави дека ќе поднесе барање за одобрување на вакцинирање деца на возраст од пет до 11 години.
Д'Амелио сподели информации дека барањето за одобрување на вакцината за деца на возраст од шест месеци до пет години ќе се обработува по поднесување на барањето за возраст од пет до 11 години.
Вакцината „Фајзер/Бајонтех“, што ја одобри ФДА во август, беше првата целосно лиценцирана вакцина против Ковид-19 одобрена за употреба во Соединетите Американски Држави (САД).
Вакцините на „Фајзер/Бајонтех“ и на „Модерна“ ги одобри Европската агенција за лекови (ЕМА) за лица постари од 12 години.