Muhittin Sandıkçı
03 Февруари 2024•Ажурирај: 06 Февруари 2024
РИЗЕ (АА) – МУХИТИН САНДИКЧИ - Хамду Сена Билгин, девојката позната на социјалните мрежи како „турската Хајди“, времето по училиштето го поминува како пастирка во селото Јагџилар во Ризе, Туркије, пишува Анадолу.
Билгин станува многу рано за да му помогне на семејството со тоа што се грижи за околу 150 крави, овци и кози.
Целта на оваа 18-годишна девојка е да студира земјоделско инженерство, а нејзиниот сон е да стане идна министерка за земјоделство на Туркије.
%2FAA-33602267.jpg)
Во разговорот за Анадолу, Билгин рече дека ваквиот начин на живот ја прави многу среќна и задоволна.
„Јас сум љубител на природата и земјоделството. Јас сум пастирка и ученичка. Не знам какви ќе бидат условите, но имам големи цели. Пред сѐ планирам да студирам и да станам земјоделски инженер. По тоа, подоцна, сакам да станам министерка за земјоделство и да донесам иновации во областа на земјоделството во својата земја“, рече оваа амбициозна девојка.
%2FAA-33602261.jpg)
Како што истакна, грижата за животните е едноставно нејзин начин на живот.
„За време на викендите и за време на летните одмори секогаш сум со животните. Сакам што сум пастирка. Се обидувам да ги убедам младите да го засакаат сточарството, особено преку мојот профил на социјалните мрежи“, раскажа таа.
%2FAA-10846531.jpg)
Рече дека се буди во шест часот за да се погрижи за животните, а по појадокот му помага на семејството во домашните работи во селото.
Како што истакна, никогаш не чувствува замор или досада бидејќи е постојано активна и ги сака работите на село.
„Човекот кој ја сака својата работа никогаш не се чувствува уморен. Секако, да се биде пастир е тешка професија, но кога ќе видите како ве сакаат животните, тој замор се претвора во мир и задоволство", вели оваа девојка.