Турција, живот

Четири исцрпени младенчиња на волк земени под заштита во Ван, Турција

- Четирите младенчиња на волк се пронајдени исцрпени од семејство кое се занимава со сточарство на висорамнината Искендер во турската област Муш и им биле предадени на екипите на Дирекцијата за зачувување на природата и националните паркови.

Emre Ilıkan  | 07.06.2025 - Обновена : 07.06.2025
Четири исцрпени младенчиња на волк земени под заштита во Ван, Турција

ВАН (АА) - Четири исцрпени младенчиња на волк пронајдени се во турската област Муш и земени се под заштита во Центарот за заштита и рехабилитација на диви животни при Универзитетот „Јузунџу Јил“ во Ван, известува Анадолу.

Четирите младенчиња на волк се пронајдени исцрпени од семејство кое се занимава со сточарство на висорамнината Искендер во турската област Муш и им биле предадени на екипите на Дирекцијата за зачувување на природата и националните паркови.

Младенчињата, за кои некое време се грижел ветеринар, биле донесени во Центарот за заштита и рехабилитација на диви животни при Универзитетот „Јузунџу Јил“ Ван за лекување и рехабилитација.

Вработените во центарот, кои внимателно се грижат за младенчињата, при прегледите утврдиле дека тие се стари два месеци. По извршените прегледи на малите волчиња започнат е процесот на грижа и рехабилитација за нивно закрепнување.

Директорот на центарот, проф. д-р Локман Аслан, за дописникот на АА изјави дека се обидуваат да дадат придонес во заштитата на дивите животни во регионот и додаде:

„Во центарот под наша заштита зедовме 4 младенчињата на волк пронајдени од семејство кое се занимава со сточарство во Муш. Ако забележите волчиња сами во природата, немојте веднаш да ги земате. Сигурно нивната мајка е во близина. Не треба да се одземаат животните од нивните мајки. Најдобра средина за развој на животните е нивното природно живеалиште. Сакаме сите наши граѓани да го знаат ова. Почнавме да работиме на враќање во природата на младенчињата што ги зедовме под наша заштита. Во нашиот центар обезбедуваме еден вид ‘градинка за развој’ за овие животни. Тука ќе ги сместиме младенчињата и ќе се грижиме за нив долго време, а потоа ќе ги пуштаме во природата, во нивното вистинско живеалиште.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.