Kübra Chohan
19 Јули 2018•Ажурирај: 20 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Девојче од Сирија, кое сега е на возраст од 8 години, пред речиси две години, како последица на режимските воздушни напади во Алепо ја загуби својата рака и можноста да оди, ги направи своите први чекори по неговото лекување во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Девојчето по име Рајан Касим и нејзиното семејство се борат да ги вратат своите животи во нормала, откако на 25 ноември 2016 година беше бомбардиран нивниот дом.
Откако беше погодена со шрапнел во главата, Рајан, на нејзина рана возраст се соочи со бруталната страна на светот, бидејќи ја загуби едната своја рака, а поголемиот дел од нејзините нозе остана парализирани. Таа е сега среќна што може повторно да оди и што доби нова протетичка рака.
„Моето семејство беше во нашиот дом кога се случи инцидентот. Моите деца си играа надвор. Слушнавме авион. Врз нашиот дом падна бомба“, изјави за АА Шехер Касим, таткото на девојчето.
Касим рече дека има седум деца, од кои едно од нив, неговото четиригодишно дете загинало во нападот нападот, додека другите две повредени деца ги однел во болница.
Рајан рече дека си играла во дворот со својата сестра, а кога се појавил авионот, тие не сакале да се спуштат на земја, бидејќи, како што рече таа, носеле нова и убава облека.
„Не сакавме да се извалкаме“, вели таа.
Невладината организација во Алепо, „Human Appeal“, му помогна на Касим да ја донесе својата повредена ќерка во јужниот турски град Мерсин, а потоа и во главниот град Анкара.
„Ѝ се заблагодарувам многу на Турција, турските лекари и на администрацијата на болницата кои ја лекуваа мојата ќерка, како и на Human Appeal“, изјави Касим.
„Сакам да оздравам и наскоро да ги видам мојата мајка, браќа и сестри. Многу сум возбудена за денот кога ќе се вратам дома. Ќе ги прегрнам мојата мајка, браќа, сестри и пријатели“, рече малата Рајан.
„Лекарите добро се грижат за мене. Почнав да одам. Сакам да им се заблагодарам на сите мои лекари и на Турција“, додаде таа.
Рајан рече дека ѝ е потребно повеќе време за да оди сама, и дека ќе доаѓа во Турција на секои шест месеци на преглед, сè додека не наполни 15 години.