живот

Сирија: „Чудото од бебе“ чека помош

Сириецот Ахмет Селум, кој е со Даунов синдром, и Мерјем Хасан, која е со оштетен вид, родија здраво бебе, кое претставува „чудо“ кое ретко се среќава. Куќата на овој брачен пар се наоѓала во селото Хама, но била уништена при напад на режимот на Асад.

Burak Karacaoğlu, Eşref Musa, Selen Temizer  | 10.07.2019 - Обновена : 13.07.2019
Сирија: „Чудото од бебе“ чека помош Foto: Burak Karacaoğlu - AA

ИДЛИБ (АА) – БУРАК КАРАЏАОГЛУ / СЕЛЕН ТЕМИЗЕР 

Во сириската провинција Идлиб, татко, кој е со Даунов синдром, и мајка која има оштетен вид, очекуваат помош за да може да го чуваат нивното „чудо од бебе“, кое се родило здраво, што е реткост кога мажот има Даунов синдром, пишува Anadolu Agency.

Сириецот Ахмет Селум, кој е со Даунов синдром, и Мерјем Хасан, која е со оштетен вид, родија здраво бебе кое претставува „чудо“ за мажите со Даунов синдром.

Куќата на брачниот пар се наоѓала во селото Хама, но била уништена при напад на режимот на Асад.

Затоа, брачниот пар Селум се сместил во камп во близина на границата со Турција, во регионот Идлиб.

Селум во изјавата за дописникот на АА рече: „(Режимот на Асад) Што сакаат од мене? Што им направив? Што сакаат од мојата сопруга и мојата ќерка?“

Селум, изјавувајќи дека може да ги исполнува секојдневните обврски и дека е „око“ на својата сопруга, додаде: „Ние се венчавме за да живееме. Сега се засолнивме во училиште. Каде ќе одиме кога ќе се отворат училиштата? Јас и онака не можам да работам.“

Мајката на бебето, Мерјем, истакна дека Господ ги благословил со здраво бебе.

Мерјем Селум, изјавувајќи дека на нивната ќерка и го дале името Фатима, нагласи: „Премногу е топло во чадорот. Ме фати страв да не се разболе мојата ќерка. Сега сме во едно училиште, но каде ќе одиме откако ќе се отвори училиштето. И јас не можам да работам и мојот сопруг не може да работи. Бебето има потреба од детска храна и пелени.“

Доц. д-р Гозде Јешил, генералната секретарка на Здружението за медицинска генетика, за дописникот на АА рече дека мажите со Даунов синдром може да имаат бебе, иако многу ретко.

„Ако Дауновиот синдром е во форма на мозаицизам, поголема е можноста да се има дете. Мозаицизам се нарекува кога дополнителната копија на 21. хромозом, која е причина за Дауновиот синдром, ја има во некои клетки, а ја нема во некои други клетки“, рече Јешил.

„Тоа значи дека клетките можат да произведуваат сперматозоиди со здрав генетски материјал“, истакна Јешил и додаде: „Без мозаици, дури и ако сите клетки имаат хромозоми 21, тие лица, иако ретко, може да имаат деца. Но, во сите случаи и децата може да имаат Даунов синдром. Знаеме дека мажите со класичен Даунов синдром, кои имаат повеќе хромозом 21 во сите клетки, со помош на репродуктивните техники како што е Ин витро фертилизација (ИВФ), па дури и без употреба на техники за репродукција, може да имаат деца, но тоа се исклучоци.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın