Vesna Besic
16 Март 2023•Ажурирај: 18 Март 2023
ИДЛИБ (АА) - Поминаа 12 години од почетокот на граѓанската војна во Сирија, јавува Анадолу.
Повеќе од 230.000 Сиријци се убиени, а над 13 милиони се раселени од 2011 година, соопшти Сириската мрежа за човекови права (СНХР).
Во извештајот објавен по повод 12-годишнината од продемократските протести во Сирија во 2011 година, кои беа насилно задушени од режимот на Башар ал Асад, се наведува дека биле убиени 230.224 цивили.

Војната најмногу ги погоди децата што растат во тешки услови во многу бегалски кампови во и околу Идлиб.
Според податоците на групата за човекови права, околу 56 отсто од жртвите се убиени во текот на втората и третата година од војната.
Околу 52 отсто од смртните случаи се пријавени во покраините Дамаск, Алепо и Хомс.

Од 2011 година се раселени повеќе од половина од сирискиот народ.
Околу 13,3 милиони Сиријци побараа засолниште во другите земји или интерно се раселени, додадоа во извештајот.