Halil Fidan
24 Февруари 2018•Ажурирај: 25 Февруари 2018
ШАНЛУРФА (AA) - ХАЛИЛ ФИДАН - Децата на сириските курдски семејства кои се засолнија во Турција, поради притисоците и заканите од терористичката организација ПЈД/ПКК, чекат да се вратат во нивната сакана татковина, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу 11 илјади деца-бегалци, претежно Курди, кои избегаа од конфликтите и угнетувањето од страна на терористички организации во сириските погранични области поврзани со градот Алепо, Кобани, Тел Абјад и Мунбич, сега живеат во шаторскиот град Суруч, во Шанлиурфа, со можностите кои им ги нуди Турција.

Седум илјади деца кои го продолжија своето образование во шаторскиот град, покрај можностите и поддршката што им ги нуди Турција, го чекат за денот кога нивниата земја ќе биде ослободени од елементите ПЈД / ПКК и ќе се вратат во своите домови. Децата растат со копнеж кон својата земја.

Сиријците кои ги следат случувањата во нивната земја преку медиумите, чекаат успешно да заврши операцијата „Маслинова гранка“ во Африн.
- Сите имаат исти соништа -
Сирискиот ученик од петто одделение, Сејдо Мурад, во разговор за АА рече дека тие престојуваат тука, бидејќи се плашат од терористичката организација.
Мурад истакна дека ја сака земјата повеќе од било што, која морал да ја напуши на рана возраст.
„Поради интензивните конфликти дојдовме во Турција. Долго време сме тука. Во моментот нема војна во Кобани, моето семејство не сакаше да се врати кога заврши борбата, продолжи да остане тука, бидејќи мислеше на нас. За среќа, одиме во училиште тука, продолжуваме со нашето образование. И покрај тоа, сакаме да се вратиме дома во нашата земја, но не безбедно. Кога се ќе биде добро ќе се вратиме дома. Многу ми недостига Кобани“, раскажа Мурад.
Десетгодишната Нарин Бозан од Ракка која оди на училиште во истиот клас, исто така изјави дека кога започнала војната заминале од Дамаск до Ракка, а потоа и од Ајн ал-арап. По нападот на терористичката организација ДАЕШ, тие се засолниле во Турција.

„Ние сме тука долго време и се навикнавме. Не се чувствуваме како странци. Бидејќи тука многу добро нѐ чуваат. Но, и покрај сè, со нетрпение очекуваме да се вратиме во нашата земја. Моите браќа се мали и моето семејство не сака да се врати, бидејќи не знаат што ќе биде таму и покрај тоа што не се сеќавам добро, јас ја сакам мојата земја. Ако нашата земја ќе се ослободи од терористи, се разбира би сакала да се вратам таму“, вели Бозан.

Мизгин Сило, ученик од четврто одделение, објаснува дека не може целосно да се сети каде живеел и рече: „Моето семејство постојано раскажува за тоа дека нашата куќа е многу убава и сакам да одам таму“.
Мухамед Увејд Сулејман, исто така, изјави дека има многу пријатели тука и дека постојано зборуваат за Сирија додека играат игри.