САРАЕВО (AA) - Тага и болка денес го исполнија амфитеатарот на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Сараево каде студентите и професорите организираа комеморација за трагично страданите студентки Едита Малкоч (21) од Босанска Крупа и Селма Агиќ (20) од Бугојно, јавува Anadolu Agency (AA).
Амфитеатарот го исполни голем број колеги на страданите девојки кои тешко ги задржуваа своите солзи.
Шефицата на департманот за психологија Јадранка Коленовиќ-Ѓапо, по едноминутниот молк и учење на молитва, ги прочита стиховите на песната "Има една модра река" од авторот Мак Диздар. Рече дека долги години на факултетот не владеел молк како денес и вчера.
Професорката од департманот за психологија Џенана Хусремовиќ која им предаваше на Едита и Селма, рече дека е премногу тажна и не е во состојба да зборува.
„Имав чест на Селма и Едита да им предавам цела година... Не можам воопшто да опишам како се чувствувам, сеуште не можам да верувам дека ги нема. Се сеќавам на нашите дружби и предавања. Тие беа вистински пример за студент, беа вредни, фокусирани на учењето, полни со поччит и љубов. Тоа беа два цвета на кои се виде дека се убаво воспитани. Единствено што можеме да порачаме на членовите на семејството дека не се сами и ние сме тука за нив", рече Хусремовиќ.
Декан на Филозофскиот факултет во Сараево Салих Фочо рече дека целиот факултетски колектив е во тага и болка.
„Меѓу нас ги нема веќе Селма и Едита, вчера залудно ги чеавме да дојдат на предавање. Наместо нив, стаса тажна вест ... Кога беа на прагот на својата прва диплома, нивните животи се прекинати. На нас ни е тешко, а како им е тогаш на нивните родители. Наместо со диплома во саканиот град се враќаат во ковчег. Нека им е лесна земјата", рече Фочо.
Харис Хајриќ со Едита и Селма разделил истата вечер кога девојките загинале.
„Не знаев што се случи. Наредниот ден го поминав плачејќи... Но од денес не треба да тагуваме туу да го славиме нивното постоење ...", рече Хајриќ.
Во факултетскиот хол е отворена и книгата на жалост.
Студентите по комеморацијата групно ќе се упатат кон Бугојно каде попладне ќе биде извршен погребот на Селма Агиќ.
Едита и Селма, најдобрите пријателки и цимерки, беа трета година на департманот по психологија на Филозофскиот факултет во Сараево.
Во понеделник, на 10 октомври, в0 21.20 часот на раскрсница во центарот на Сараево на пешачки премин ги усмрти 25-годишниот Сањин Сејфиќ, поминувајќи на црвено светло со возилот Голф VI, со брзина од 100 километри на час.
Ден по несреќата полицијата го пронајде автомобилот на Сејфиќ во улицата Грбавичка во Општината Ново Сараево.
Иако бројни полициски агенции од БиХ во текот на вчерашниот ден трагаа по него, од Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево доцна синоќа е потврдено дека Сејфиќ рано во вторник, пред 6 часот, ја напуштил БиХ преку граничниот премин Увац.
Оваа трагедија која ја потресе босанско-херцеговската јавност ги поттикна граѓаните на мирен собир, на местото на загинување на девојките. Така синоќа на раскрсницата имаше повеќе од илјада граѓани кои оставија цвеќе и запалија свеќи оддавајќи им почест.
Граѓаните потоа ја блокираа раскрсницата, а собирот се одвиваше мирно во присуство на голем број полициски службеници.
Поради критиките од јавноста и укажување на небезбедност во главниот град на БиХ, Владата на Кантонот Сараево одржа итна седница. Премиерот на Владата Елмедин Конаковиќ рече дека Владата е незадоволна од работата на полицијата на теренот и дека безбедноста во Сараево не е на очекуваното ниво.
И Сенатот на Универзитетот во Сараево побара од надлежните органи со итни реакции и конкретно делување да направат се со цел подобрување на безбедноста на граѓаните во Сараево.
На иницијатива на Студентскиот парламент Сенатот заклучи денешниот и утрешниот дел да бидат денови на жалост на Сараевскиот универзитет.
Сите предавања на сараевските факултети и академии започнаа со едноминутен молк, додека знамињата беа спуштени на пола копје.
news_share_descriptionsubscription_contact
