Ekipa
03 Октомври 2021•Ажурирај: 05 Октомври 2021
ФИЛАДЕЛФИЈА (АА) - Илјадници луѓе во американската сојузна држава Пенсилванија синоќа уживаа во магичните моменти на фенерите пуштени кон небото, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фестивалот на небесни фенери во Филаделфија 2021 се одржа со учество на илјадници луѓе на плоштадот „Кенет“.
Посетителите пуштија кон небото стотици фенери и создадоа една од најфантастичните глетки на годината.
Слични фестивали се одржаа и во неколку други американски градови, меѓу кои и во Њујорк и Њу Џерси.