27 Септември 2022•Ажурирај: 28 Септември 2022
ОРЛАНДО (АА) - Ресторан во Орландо, во американската сојузна држава Флорида, ги опслужува клиентите користејќи ја најновата технологија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во ресторанот за суши во Орландо, гостите кои го посетуваат овој познат објект ги опслужуваат роботи. Имено, роботите служат пијалоци, а храната на гостите им се сервира на подвижна лента.
Роботите во угостителството не се новост, бидејќи голем број од нив веќе работат во САД на скарите за хамбургери.
Во Јужна Кореја, која е особено позната по своите достигнувања во областа на роботиката, роботите исто така долго време прават и служат пијалоци на гостите.

Во едно кафуле во градот Даеџеон, на шанкот е задолжена роботска рака, која може да направи 60 различни пијалоци, а гостите потоа ги услужуваат роботи на тркала. Системот може да комуницира со други уреди и има технологија за самостојно движење, така што роботите го наоѓаат најдобриот пат помеѓу луѓето и масите. Комуникацијата со гостите се постигнува преку гласовни контроли.
Роботите сè почесто ги заменуваат келнерите во азиските кафулиња и ресторани. Роботите примаат нарачки и ги послужуваат гостите и во јапонските ресторани.
Ова не е само тренд во јапонската престолнина Токио, туку „работната сила на роботите“ е воведена од голем број други угостителски објекти во азиските метрополи. Луѓето се посочувствителни кога им се обраќа или ќе ги послужи робот.
Авоматите за подготовка на храна или пијалоци веќе подолго време се присутни во големите азиски центри, а ваквите решенија беа добро прифатени поради пандемијата на коронавирусот. Повеќето луѓе не сакаат да стапат во контакт со други непознати лица или сакаат храната да се подготвува во строги хигиенски услови.