свет, живот

Рикшите, ефтино превозно средство низ улиците на Пакистан

Рикшите, кои се нарекуваат и „тук тукс“, се меѓу превозните средства што ги претпочитаат туристите и локалното население

Eren Bozkurt  | 16.03.2024 - Обновена : 22.03.2024
Рикшите, ефтино превозно средство низ улиците на Пакистан

КАРАЧИ (АА) – ЕРЕН БОЗКУРТ (АА) –

Рикшите со три тркала, кои се и евтини и пространи, нашироко се користат како превозно средство во Пакистан, пишува Анадолу.

Рикшите, кои се нарекуваат и „тук тукс“, се меѓу превозните средства што ги претпочитаат туристите и локалното население.

Во градот Карачи, каде има голем сообраќаен метеж, за превоз се претпочитаат рикшите со капацитет до пет лица.

Возачите на рикши ги превезуваат патниците до секоја точка во градот.

Возачот на рикша, Танвир Ахмед, рече дека рикшите ги користат и Пакистанците и туристите.

Објаснувајќи дека рикшите имаат тенда, и дека патниците се заштитени од горештините, Ахмед рече: „Граѓаните и туристите се возат со рикши бидејќи се поевтини од таксито и јавниот превоз“.

Тој рече дека во една рикша не возат повеќе од пет лица.

„Има и такви кои ми се јавуваат навечер бидејќи треба да одат до здравствените установи. Еднаш однесов и трудница во болница. Мојата рикша ја користев како брза помош“, раскажа Ахмед.

Меѓутоа, нагласи дека од овој бизнис тешко се живее.

„Ги школувам моите браќа и сестри. Животот е тежок, но се обидувам да ги пораснам. Пакистан е прекрасна земја, но сè уште имаме потешкотии“, додаде Ахмед.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.