живот

Проф. д-р Каратај: „Маслинките се злато, а маслиновото масло е златна вода“

- Каратај: „Треба да го знаете следното, луѓето меѓусебно се убивале за злато. Сѐ уште се убиваат, но маслинките даваат живот. Даваат долг живот, даваат здравје.“

Abdulkadir Hüseyin Yıldırım  | 16.11.2019 - Обновена : 18.11.2019
Проф. д-р Каратај: „Маслинките се злато, а маслиновото масло е златна вода“

КИЛИС

Проф. д-р Џанан Каратај, специјалистка по интерна медицина и кардиологија, истакна дека маслинките и маслиновото масло се вредни колку и златото, јавува Агенција Анадолија (АА).

Професорката д-р Каратај одржа предавање на Универзитетот „7 Декември“, во турскиот град Килис за значењето на маслинките и маслиновото масло врз човечкото здравје, во рамките на „Денови на промоција на маслинките и маслиновото масло на Килис“. Во своето обраќање, проф. д-р Каратај посочи дека маслинките претставуваат важен извор за храна.

Препорачувајќи го консумирањето на маслиновото масло, Каратај истакна: „Маслинките се злато, а маслиновото масло се златна вода. Дури маслинките се повредни и од златото. Треба да го знаете следното, луѓето меѓусебно се убивале за злато. Сѐ уште се убиваат, но маслинките даваат живот. Даваат долг живот, даваат здравје.“

Проф. д-р Каратај, раскажувајќи дека долги години препорачувала да се јаде помалку масна храна, го даде следниот коментар: „Но да се живее со малку масло не е возможно, исто како и работата на машините. И ако машините не ги подмачкаме добро, тие ќе запрат. И човечкиот организам е еден вид машина. Маслиновото масло и мајчиното млеко се исти. Постои само една разлика, а тоа е дека мајчиното млеко поседува животински холестерол, а маслиновото масло има растителен холестерол.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.