Aldijana Hadzic
23 Октомври 2022•Ажурирај: 25 Октомври 2022
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Пристигнувањето на пролетта во Јоханесбург, најголемиот град во Јужноафриканската Република, му дава посебна магија на градот, известува Агенција Анадолија (АА).
Јакаранда или виолетово дрво краси голем број улици низ градот. Глетките како од бајките ги забележа и репортерот на АА.

Дрвото потекнува од Јужна Америка, а расте во Аргентина, Мексико, Индија, Јужноафриканската Република, односно во земјите во кои нема долготраен мраз.
Во голем број земји цветот на ова дрво го симболизира и доаѓањето на пролетта.