живот

Островот Чангу: Колонија на џиновски желки

Покрај тиркизно синиот океан, белиот песок и зелените шуми на островот Чангу во танзанискиот полуавтономен регион Занзибар, интересот на туристите го привлекуваат и џиновските желки што живеат на тој простор

Mahmut Serdar Alakuş  | 28.08.2018 - Обновена : 29.08.2018
Островот Чангу: Колонија на џиновски желки

Zanzibar

ЗАНЗИБАР (АА) - На брегот на Источна Африка што излегува на Индискиот Океан се наоѓа островот Чангу кој е дел од полуавтономниот регион Занзибар во државата Танзанија, јавува Anadolu Agency (AA).

Егзотичниот остров Чангу е еден од неколкуте острови во светот каде што живеат џиновски желки. Островото Чангу е оддалечено 5,6 километри од Занзибар.

Локалното население со своите дрвени бротчиња ги префрла туристите на овој остров, каде што посетителите имаат можност сами да ги хранат џиновските желки.

Возраста на џиновските желки е испишана на нивните оклопи. Посетителите во текот на целиот ден ги хранат желките со марули и овошје, а кога доаѓа период за снесување јајца џиновските желки се повлекуваат во мочуришниот дел од островот.

Иако на картите островот е именуван како Чангу, за туристите овој остров е попознат како „Prison Island“ (Островски затвор) или „Остров на желките“. Најстариот примерок меѓу желките што живеат на островот има 193 години.

Именувањето на островот како „Prison Island“ е базирано на минатото. Во 19 век, на островот имало „пазар за робови“ и „затвор за робови“. Објектите кои денеска се користат како музејски објект и хотел, на своите ѕидови ги носат трагите од страдањата во минатото.

Поради болеста жолта треска која во минатото зафатила поголем број држави во Африка, островот Чангу извесен период бил претворен во остров за карантин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.