Ekipa
21 Август 2018•Ажурирај: 23 Август 2018
ЗАНЗИБАР (АА) - На островот Чангу, во Индискиот Океан, се наоѓа колонија на една од најголемите желки во светот, џиновските желки Алдабра, пишува Аnadolu Agency (AA).
Островот се наоѓа на само 5,6 километри од Занзибар, и е дел од истоимениот архипелаг во Индискиот Океан кој ѝ припаѓа на Танзанија.
Чангу е домаќин на едни од најголемите желки Алдабра (Aldabrachelys gigantea), кои, покрај прекрасниот пејзаж, претставуваат вистинска атракција за туристите.
Џиновските желки, кои беа на работ на истребување поради нивната продажба како миленичиња и како храна, со помош на властите на Занзибар и Светското општество за заштита на животните, ја зголемија својата бројност, иако сѐ уште се наоѓаат на листата на загрозени животни.
Островот Чангу е познат и по тоа што кон крајот на 19 век служеше како карантин за Занзибар, Кенија, Уганда, Тангањика поради епидемијата на црната смрт.