наука и технологија

Романописецот Абдулразак Гурнах од Занзибар ја доби Нобеловата награда за литература за 2021 година

Шведската академија наведува дека Гурнах е награден за неговото „апсолутно и сочувствително продирање во ефектите од колонијализмот и судбината на бегалците во јазот меѓу културите и континентите“

Saadet Firdevs Aparı  | 07.10.2021 - Обновена : 08.10.2021
Романописецот Абдулразак Гурнах од Занзибар ја доби Нобеловата награда за литература за 2021 година

АНКАРА (АА) - Нобеловата награда за литература доделена му е на романописецот Абдулразак Гурнах, роден во Занзибар - два острови поврзани со Танзанија на исток од африканскиот континент, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Шведската академија се наведува дека Гурнах е награден за неговото „апсолутно и сочувствително продирање во ефектите од колонијализмот и судбината на бегалците во јазот меѓу културите и континентите“.

„Во романите пишува за културно разновидната Источна Африка, која е ослободена од стереотипни описи и не им е позната на многумина во другите делови на светот“, се вели во соопштението.

Гурнах, кој има напишано десет романи и серија раскази, е роден во Занзибар во 1948 година, а во 1960 година се засолнува во Велика Британија.

Покрај наградата, 73-годишниот писател ќе добие и паричен подарок од 10 милиони шведски круни (1,1 милион долари).

- Нобелова награда за литература -

Нобеловата награда за литература помеѓу 1901 и 2020 година доделена е 113 пати.

Нобеловата награда за литература 30 пати е доделена на автори кои пишувале на англиски, 15 пати на француски, 14 пати на германски и 11 пати на шпански. Потоа следуваат шведски со 7 награди, италијански и руски со по 6 награди, полски со 5 и норвешки и дански со по 3 награди. Авторите кои пишуваат на грчки, јапонски и кинески беа наградени по двапати. Авторите кои пишуваа на арапски, бенгалски, чешки, фински, хебрејски, унгарски, исландски, окситански, португалски, српско-хрватски, јидски и турски беа наградени по еднаш.

Орхан Памук, кој ја доби Нобеловата награда за литература во 2006 година, беше првиот турски писател кој доби Нобелова награда.

Нобеловата награда за литература минатата година ја доби американската поетеса Луиз Глук.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.