свет

Чангу - Занзибарскиот остров на џиновски желки

Туристите на овој егзотичен остров, кој е еден од неколкуте острови во светот на кои живеат џиновски желки, пристигнуваат со дрвени чамци

Recep Bilek  | 13.08.2019 - Обновена : 19.08.2019
Чангу - Занзибарскиот остров на џиновски желки

ЗАНЗИБАР (АА) - РЕЏЕП БИЛЕК -

Островот Чангу во Занзибар, кој е полуавтономен регион на Танзанија во Источна Африка, привлекува внимание со џиновските желки кои живеат таму, пишува Anadolu Agency (AA).

Островот Чангу се наоѓа на околу 6 километри од Занзибар. „Пазарот на робови“ и „Затворот за робови“, кои се наоѓаат на овој остров, а датираат од 9 век, своите туристи ги пречекуваат како музеј и кафуле.

Sидовите на зградите каде што биле продавани луѓе, ги носат трагите на болката доживеана низ историјата.

Исто така, островот Чангу вниманието на туристите го привлекува и со џиновските желки кои живеат таму.

Туристите на овој егзотичен остров, кој е еден од неколкуте острови во светот на кои живеат џиновски желки, пристигнуваат со дрвени чамци.

Тие ги хранат и фотографираат овие желки, меѓу кои најстарата има 194 години.

Исто така, туристите имаат можност и да уживаат во тропската шума на овој остров, како и во песочните брегови и во океанот со тиркизна вода.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın