живот

Несекојдневна случка: Полицаец ја сопрел сопругата и ѝ пишал казна

По прегледот на документите, установил дека кај неа не биле уредни документите поврзани за LPG-системот, вграден во автомобилот

İbrahim Torlak  | 22.12.2019 - Обновена : 26.12.2019
Несекојдневна случка: Полицаец ја сопрел сопругата и ѝ пишал казна

БАТМАН (АА) - Сообраќаен полицаец во Батман, југоисточна Турција, го сопрел автомобилот со кој управувала неговата сопруга, а потоа ѝ напишал казна од 108 турски лири, јавува Агенција Анадолија (АА).

Полицаецот по име Ахмет Ероглу вршел рутинска контрола на возилата во местото Багларбаши, во Батман. Во текот на контролата го сопрел и автомобилот со кој управувала неговата сопруга Кадрије Ероглу.

Но, Ероглу постапил крајно професионално, без оглед на тоа што зад воланот била неговата сопруга. По прегледот на документите, установил дека кај неа не биле уредни документите поврзани за LPG-системот, вграден во автомобилот. Ни помалку, ни повеќе, Ероглу на сопругата ѝ пишал казна од 108 турски лири.

„Во текот на контролата забележав дека едно од возилата коишто ги запревме е на мојата сопруга. По извршената контрола забележав дека документите не се во ред, бидејќи промените на автомобилот не беа истакнати во документите во рок од 30 дена. Напишав казна“, раскажа Ероглу за АА, нагласувајќи дека сите граѓани се исти пред законот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın