Amina Zorniç
29 Ноември 2016•Ажурирај: 30 Ноември 2016
РИМ (AA) - Италијанката Ема Морано, последната личност за која се знае дека е родена во 19 век, денес го прославува 117. роденден, пренесува Anadolu Agency (AA).
Морано е родена на 29 ноември 1899 година и е најстарата личност на светот запишана во Гинисовата книга на рекорди, наведува британскиот весник „Гардијан“
„Јадам две јајца дневно, и тоа е тоа. И кекс. Нив токму не ги јадам многу бидејќи немам заби“, вели Ема Морано.
Морано е најстара од осумте деца, нејзини браќа и сестри кои ги надживеала, и вели дека често ја посетуваат многу туристи во нејзиниот дом во Вербанија, во северна Италија.
„Луѓето секогаш доаѓаат, иако не повикувам никого, тие доаѓаат. Доаѓаат од САД, Швајцарија, Австрија, Торино, Милано... доаѓаат од сите краеви на светот за да ме видат“, вели Морано.
Иако роденденот е повод за славење, таа тврди дека е осамена и дека живее сама.
Својот насилен маж го напуштила уште во 1983 година, недолго по смртта на нејзиниот син.
Слабо слуша, тешко зборува и едвај гледа, а времето го поминува главно спиејќи.
Верува дека денес ќе ја посетат членови на семејството и новинарите, како и градоначалничката на Вербанија, Силвија Марчионини.