живот

Жена од Либан со љубов се грижи за 70 бездомни мачки во нејзиниот дом

За Абади, смртта на нејзината мачка уште во детските денови имало силно влијание врз неа. Од тој ден, таа не одминува ниедно животно кое има потреба од помош

Ethem Emre Özcan, Wassim Samih Seifeddine  | 06.02.2026 - Обновена : 10.02.2026
Жена од Либан со љубов се грижи за 70 бездомни мачки во нејзиниот дом Фото: Houssam Shbaro/АА

БЕЈРУТ (АА) – Дијана Абади (57), која згрижува бездомни мачки во главниот град на Либан, Бејрут, каде што нејзиниот дом и работно место ги претвори во засолниште за 70 мачки, се обидува да остане на нозе со оглед нa зголемените трошоци, пишува Анадолу.

За Абади, смртта на нејзината мачка уште во детските денови имало силно влијание врз неа. Од тој ден, таа не одминува ниедно животно кое има потреба од помош.

Денес, Абади (57) го претвори својот дом и малото работно место, во предградието Дахије, во Бејрут, во засолниште за бездомни мачки.

Либанската љубителка на животни, која моментално се грижи за 70 мачки, им обезбедува простор за живеење и ги лекува повредените животни.

Абади води борба за опстанок, при услови на зголемени трошоци за храна и лекување, за мачките за кои се грижи со исклучително внимание и љубов.

Таа, во изјава за АА, истакна дека нејзината поврзаност со мачките датира уште од детството, додавајќи: „Смртта на мојата прва мачка остави длабок белег на мене. Оттука, не можев да игнорирам ниту една мачка која има потреба од помош”.

Абади раскажа дека нејзиното прво искуство со спасување било со ранета мачка, која ја однела на работното место за да ја лекува, а со текот на времето луѓето од околината почнале да ѝ ги носат болните и бездомни мачки.

„Кога соседите дознаа за мене, започнаа да ми носат и други мачки. Никого не можев да одбијам. Така, постепено растеше бројот на мачки во мојот дом”, додаде таа.

Како резултат на економската криза во Либан, на Абади дополнително ѝ се отежнати условите за нега, додавајќи дека претрпува големи тешкотии поради зголемените трошоци за храна и ветеринарни услуги.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın