Sercan Küçükşahin
14 Февруари 2017•Ажурирај: 15 Февруари 2017
КАЈСЕРИ (АА) - Серџан Кучукшахин - Во подножјето на планината Ерџијес во турскиот Кајсери денес слободно трчаат диви коњи, кои се атракција за фотографите од целиот свет, пишува Anadolu Agency (AA).
Порано, жителите на Анадолија ги користеле во текот на летото за земјоделски и други работи, а во текот на зимата, поради недостаток на храна, ги пуштале во природата.
Денес тие претстставуваат атракција во тој крај. Туристите и фотографите доаѓаат со своите објективи да го забележат несекојдневниот призор во подножјето на Ерџијес.
Меѓу нив е и фотографот Нури Чорбаџиоглу, кој рече дека дивите коњи се важен дел од анадолската култура.
„Порано, мештаните овие коњи ги пуштаа во природа. Налето повторно ги фаќаа и ги користеа за работа. Но, бидејќи во последно време не се користат за селски работи, коњите остануваат во природата. Има и такви кои ги хранат извесен период, а потоа ги продаваат“, раскажа Чорбаџиоглу.
Според него, на целото подрачје има околу 300 диви коњи. Во последно време голем број од нив се продадени во Кападокија каде што се користат во туризмот.
Чорбаџиоглу веќе пет години ги фотографира дивите коњи од ова подрачје.
„Во последните години овде сме домаќини на многу фотографи од Турција, но и од светот. Овде имаат можност да фотографираат коњи во текот на летото во прашината, зиме во снегот, а напролет во вода. Вакво нешто нема никаде во светот“, појасни Чорбаџиоглу.
Истакна дека коњите претставуваат и важен дел за промоција на овој крај.
„Ние се наоѓаме меѓу Кападокија и планината Ерџијес. Поради тоа ова подрачје е важно“, раскажа Чорбаџиоглу.