Mahmut Atanur
21 Мај 2019•Ажурирај: 22 Мај 2019
ЏАКАРТА (АА) - МАХМУТ АТАНУР –
Во руралните области на Индонезија, муслиманите за суфур ги будат децата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во земјата која ја има најголемата муслиманска популација во светот, „традицијата за будење за суфур”, која обично се врши од децата, продолжува од генерација на генерација.
Децата, во одреден ритам, удирајќи со стапчиња по тапани, канти, кофи и слични предмети, низ улиците каде што поминуваат, извикуваат гласно „време за суфур!“
Децата што шетаат по улиците за да го будат населението за суфур, истовремено ја обезбедуваат и сигурноста на нивното маало.
- „Не сакаме луѓето да го пропуштат суфур“
„Ги придружувам децата во нашето село, кои за време на Рамазан се обидуваат да ги разбудат луѓето за суфур. Нашата цел е да бидеме сигурни дека населението од селото е разбудено за суфур. Не сакаме луѓето да го пропуштат суфур“, изјави за Anadolu Agency (AA) Роби Ахсан (20), кој живее во селото Кретег во областа Богор во Западна Кава.
Ахсан, истакнувајќи дека оваа традиција продолжува од генерација на генерација, рече дека и народот е задоволен од тоа што го будат за суфур.
Исто така, тој истакна дека активноста што се врши за време на суфур, истовремено, во одреден временски интервал го обезбедува селото и населението во селото.
Тегух Абдула (38), кој живее во селото Кретег, нагласувајќи дека традицијата за будење за суфур трае со години, истакна дека е задоволен од традицијата за будење за суфур која специјално се реализира за време на Рамазан.