İnci Gündağ
14 Декември 2017•Ажурирај: 15 Декември 2017
ЛОНДОН (АА) - Британскиот хирург Симон Брамхал, на суд призна дека се потпишувал на црните дробови на пациентите кои ги оперирал, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на рочиштето на Кривичниот суд во Бирминген, Брамхал изјави дека со ласер ги втиснал своите иницијали (С.Б) на црните дробови на дваjца пациентa за време на оперативни зафати извршени во период од февруари до август 2013 година.
Судот во текот на наредниот месец би требало да донесе пресуда за случајот.
Судските вештаци тврдат дека втиснувањето на иницијалите на површинскиот слој на црниот дроб нема негативни последици по здравјето на пацинетот, но дека станува збор за чин кој не е во согласност со лекарската етика.
Стотици пациенти кои Брахмал ги оперирал во текот на десетгодишната хируршка кариера, стравуваат дека на своите црни дробови го носат неговиот потпис.
Хирурзите во текот на оперативните зафати на црниот дроб користат ласери за да го запрат крварењето.
Брахмал остана без работа и против него е покрената истражна постапка кон крајот на 2013 година, откако еден од колегите го пријави за втиснување иницијали.