живот

„Децата мои станаа мои раце“

Гадур, во разговор за Anadolu Agency (AA) , истакна дека бил повреден кога режимот на Асад се обидувал да напредува кон областа Тадиф, пред две години, кога одел да земе приколка за камион од пријател.

Ömer Koparan  | 06.03.2019 - Обновена : 07.03.2019
„Децата мои станаа мои раце“

АЛ БAБ (АА) – ОМЕР КОПАРАН –

Абдулхалак Гадур, кој ги изгубил рацете при напад на режимот на Башар ал Асад, поради што не е во можност самиот да се грижи за себе. Семјејството на Гадур чека помош за поставување протеза, а за неговите секојдневни потреби му помагаат неговите деца, за кои Гадур вели дека се неговите „раце“.

Гадур, во разговор за Anadolu Agency (AA) , истакна дека бил повреден кога режимот на Асад се обидувал да напредува кон областа Тадиф, пред две години, кога одел да земе приколка за камион од пријател.

Тој, истакнувајќи дека бил повреден во главата, нозете и рацете, додаде: „Дојде една личност и ме префрли во болница. Во болницата ме лекуваа. Бев изнесен од областа на конфликтот.“

Тој, исто така, нагласи дека тропал од врата на врата за да му постават протеза на раката, но добил негативни одговори.

„Се трудам да го завршам мојот преостанат живот. Кај и да одам, на многу места ми ветија дека ќе ми стават протеза, но до денес ништо не се случи“, рече Гадур. 

„Имам две деца, се викаат Шејма и Мухамед, имаат 11 и 12 години. Откако мајката на децата нè напушти, тие станаа мои раце. Сакам да ставам протеза, и како и другите татковци да покажам дека моите деца се на безбедно. Многу се интересирам за моите деца. И тие се интересираат за мене. Не можам да ги поддржам во нивното образование. Кога ќе излеземе во чаршија со син ми, тој ги носи работите што ги купуваме. Јас сум тажен поради тоа. Има хумани луѓе што го слушаат мојот глас. Имам надеж. Понекогаш ме гледаат со презир. Тогаш довербата умира“, раскажа Гадур.

Дванаесетгодишниот Мухамед раскажа дека му помага на неговиот тако во секојдневното извршување на неговите обврски.

„Ако татко ми оди во чаршија, одам заедно со него. Ги носам работите што ги купува. Ако сака да јаде, го хранам. Ако сака да се облече, го облекувам. Ако сака да земе абдест, му истурам вода. Се трудам да му помогнам за сè што ќе посака“, вели Мухамед. 

Истакна дека татко му пред да ги изгуби рацете имал дуќан и можел да работи. 

„Сега нема работа, тој нас нè гледа, ние него“, додаде Мухамед изразувајќи надеж дека нештата ќе се сменат кон подобро. 

„Мојата цел е да учам, да имам добри можности за да му направам протеза на татко ми. И да нема кој да ни помогне, сепак Господ е со нас“, раскажува малиот Мухамед.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.