Ahmet Gençtürk
11 Април 2023•Ажурирај: 12 Април 2023
АТИНА (АА) - Вработените во автобускиот и тролејбускиот траспорт во Грција денес започнаа штрајк во главниот град на Атина, јавува Анадолу.
Штрајкот ќе трае од 8:30 часот наутро до 22:00 часот, соопштија синдикатите.
Синдикатите бараат усвојување дополнителни безбедносни мерки за вработените и патниците, ангажирање дополнителен постојан персонал, обновување на возниот парк и целосна усогласеност на Атинската транспортна организација (ОАСА) и на компанијата за тролејбуси (ИЛПАП) со колективните договори за работа.
Возачите на автобусите и тролејбусите во Атина штрајкуваа и минатата недела.