Ekip
18 Ноември 2016•Ажурирај: 19 Ноември 2016
ВОЛФСБУРГ (АА) - Производителот на автомобилот Фолксваген соопшти дека ќе укине 30.000 работни места, од кои 23.000 во Германија, за да ги намали трошоците и да ја подобри профитабилноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Германскиот автомобилски гигант на овој начин се обидува да се опорави од минатогодишниот скандал кој изби откако беше утврдено дека возилата со дизел мотори имаат софтвер кој мамел на тестовите на емисиони гасови.
Претставниците на компаниите истакнаа дека со укинување на работните места до 2020 година, ќе заштедат 3,7 милијарди евра.
Фоклксваген се согласи на договорот со властите на САД и сопствениците на околу 500.000 нивни возила со спорен софтвер во оваа земја да им исплати околу 15 милијарди долари (околу 14,14 милијарди евра) оштета. Ширум светот има околу 11 милиони дизел возила кои се опремени со софтвер кој намалува емисија на штетни гасови за време на тестирањето.
Од Фолксваген нагласија дел цел е да се намалат непотребните трошоци и инвестиции,а парите да се наменат за вложување во развој на електрични возила.