Bahattin Gönültaş
28 Ноември 2022•Ажурирај: 29 Ноември 2022
БЕРЛИН (AA) - Германскиот производител на автомобили Фолксваген го запре производството во својата фабрика во кинескиот град Ченгду поради зголемувањето на случаите на Ковид-19 во Кина и воведените ограничувања, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што информираат германските медиуми, производството во фабриката на Фолксваген во Ченгду е привремено запрено.
Поради пандемијата запрени се и две производни ленти во фабриката на Фолксваген во градот Чангчуен.
Производството ќе продолжи во други фабрики на Фолксваген во Кина.
Германските медиуми тврдат дека е можно да дојде до краткорочни измени во начинот на работа на фабриките на Фолксваген во Кина поради најновата ситуација во врска со пандемијата на Ковид-19.
Кина денес објави рекордна стапка од 40.052 случаи на заразени со Ковид-19 во земјата, по викендот што го одбележаа протести низ земјата поради рестриктивните ограничувања.