Турција, економија

Турција од извозот на лешници оствари приход од 2,2 милијарди долари

Турција во изминатата сезона оствари извоз на лешници од 344.370 тони, а лешникот е извезен во 122 земји во светот

Atakan Çıtlak  | 12.01.2022 - Обновена : 13.01.2022
Турција од извозот на лешници оствари приход од 2,2 милијарди долари

ГИРЕСУН (АА) - АТАКАН ЏИТЛАК -

Турција е еден од најголемите светски извозници на лешници, за што зборува податокот дека минатата година оваа земја забележала извоз од речиси 344.370 тони, со што е остварен приход од 2,26 милијарди долари, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците на Црноморскиот сојуз на извозници на јаткасти плодови до кои дојде новинарот на АА, Турција изминатата сезона остварила извоз на лешници од 344.370 тони. Лешникот е извезен во 122 земји во светот, а од тоа Турција наплатила 2,26 милијарди долари.

Тоа е значаен пораст во однос на годината претходно, 2020, во која Турција остварила извоз на лешници нешто повеќе од 280.000 тони и заработка од 1,94 милијарди долари.

Германија е традиционално еден од најголемите купувачи на турскиот лешник. Изминатата сезона оваа земја од Турција увезла 82.646 тони, односно во вредност од 536,3 милиони долари.

Помеѓу најголемите купувачи на турскиот лешник по Германија се Италија со увоз во вредност од 497,5 милиони долари и Франција од 163,5 милиони долари.

Еден од пазарите кој во последните години покажа најголем развој на извозот на турскиот лешник е Кина. Минатата година на оваа земја ѝ биле продадени 11.054 тони лешник и остварен е приход од 79,5 милиони долари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın