Трамп го номинираше Стивен Миран за Одборот на Федерални резерви
„Тој е со мене од почетокот на мојот втор мандат, а неговата експертиза во светот на економијата е неспоредлива - тој ќе ја врши работата извонредно. Честитки Стивен!“

Istanbul
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше претседателот на Советот на економски советници, Стивен Миран, за Одборот на Федералните резерви, јавува Анадолу.
Трамп рече дека Миран ќе седне на неодамна испразнетото место во одборот до 31 јануари.
„Во меѓувреме, ќе продолжиме да бараме постојана замена“, рече тој. „Стивен има докторат по економија од Универзитетот Харвард и работеше со признаниja во мојата прва администрација.“
„Тој е со мене од почетокот на мојот втор мандат, а неговата експертиза во светот на економијата е неспоредлива - тој ќе ја врши работата извонредно. Честитки Стивен!“
Адријана Д. Куглер, членка на одборот на Федералните резерви на САД, поднесе оставка минатата недела.
Миран во статија минатата година истакна: „Федералните резерви не се толку независни како што изгледа“.