Gökhan Ergöçün
16 Декември 2022•Ажурирај: 19 Декември 2022
БРИСЕЛ (АА) - Стапката на инфлација се намали во ноември во еврозоната и во Европската Унија (ЕУ), покажуваат официјалните податоци објавени денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Годишната инфлација во еврозоната се намали од октомвриските 10,6 на 10,1 отсто, додека во ЕУ е намалена од 11,5 на 11,1 отсто“, објави Заводот за статистика на Европската Унија (Евростат).
Најниски годишни стапки се забележани во Шпанија (6,7 отсто), Франција (7,1 отсто) и Малта (7,2 отсто), додека највисоки стапки се во Унгарија (23,1 отсто), Латвија (21,7 отсто) и Естонија и Литванија (по 21,4 отсто).
Севкупно, годишната инфлација се намали во 16 земји членки на ЕУ, во 3 остана стабилна, а во 8 се зголеми“, објави Евростат.
Се додава дека цените на енергијата сè уште се најголем двигател на инфлацијата, а потоа следуваат храната, алкохолот, тутунот и услугите.