Emre Gürkan Abay
18 Мај 2024•Ажурирај: 19 Мај 2024
МОСКВА (АА) - Рускиот суд вчера конфискуваше имот во вредност од 463 милиони евра (503 милиони долари) кој ѝ припаѓа на италијанскаста УниКредит банка, известува Анадолу.
Арбитражниот суд во Санкт Петербург води постапка на компанијата RusHimAlyans во сопственост на Гаспром против УниКредит.
Имотот, според судската одлука вклучува хартии од вредност, недвижности и средства на сметката на банката.
Компанијата во сопственост на Гаспром претходно поднесе тужба против Deutsche Bank и Commerzbank.
УниКредит беше меѓу гарантите на договорот со германската компанија „Linde“ за изградба на фабрика за преработка на природен гас во Русија, кој е раскинат поради санкции.