Zeynep Hilal Karyağdı
05 Јануари 2018•Ажурирај: 06 Јануари 2018
РИЈАД (АА) - Министерот за енергетика на Саудиска Арабија, Халид ел-Фалих, истакна дека покрај последните поскапувања, цената на горивото е поефтина во споредба со другите земји, пренесува Anadolu Agency (AA).
Фалих во изјава за официјалната телевизија на Саудиска Арабија нагласи дека покрај последните поскапувања на цената на горивото, таа сеуште е поефтина во споредба со другите земји.
„Цените се повисоки во Обединетите Арапски Емирати, Катар и Оман“, рече тој.
Истакнувајќи дека е потребно поскапувањето на цените на горивата, Фалих рече дека тоа треба да се направи поради стапката на потрошувачката која ја става локалната економија во тешка состојба.
Министерот Фалих истакна дека Саудиска Арабија дневно троши 4,7 барели нафта, и додаде дека тоа претставува 35 отсто од производството на нафта и гас на оваа земја.
Инаку, Саудиска Арабија во почетокот на годината ги поскапи цените на горивата од 82 до 126 отсто.
Саудиска Арабија која е најголемиот извозник на нафта во светот, извесно време доживува проблем со приходи поради падот на цените на сурова нафта.