Турција, економија

Приливот на природен гас во турскиот систем изминатата година достигна највисоко ниво

Во 2021 година забележана е дистрибуција на 61,6 милијарди кубни метри низ турскиот систем за природен гас

Murat Temizer  | 13.01.2022 - Обновена : 14.01.2022
Приливот на природен гас во турскиот систем изминатата година достигна највисоко ниво

АНКАРА (АА) - Приливот на природен гас во гасоводната мрежа на Турција забележа пораст од околу 23,2 проценти на годишно ниво на 61,6 милијарди кубни метри во 2021 година, според корпорацијата за нафтоводи во Турција, БОТАС, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во 2020 година околу 50 милијарди кубни метри беа дистрибуирани преку турскиот систем за природен гас.

Бидејќи обемот на извоз на природен гас од земјата е релативно низок, се очекува дека вкупната потрошувачка ќе биде блиску до обемот на приливот.

Зголемувањето на производство на електрична енергија од природен гас поради недостигот на доволно производство од хидроцентралите се смета за главен фактор за зголемувањето на волуменот на гас во системот.

Исто така, за високото ниво на внес на природен гас придонесува и проширувањето на дистрибуцијата на природен гас во нови области, покривајќи 609 дистрикти, заедно со соодветното зголемување на потрошувачката во станбените објекти и побарувачката на индустриски природен гас.

Во 2017 година Турција го регистрира највисокото ниво на прилив во историјата на земјата со 53,86 милијарди кубни метри.

Минатата година, највисокиот волумен на прилив на природен гас е забележан за време на месецот декември со 6,9 милијарди кубни метри и најнискиот во мај со 3,7 милијарди кубни метри.

На крајот од 2021 година, бројот на корисници на гас ја достигна бројката од приближно 18 милиони, еквивалент на население од 70 милиони и капацитетот за складирање на природен гас во земјата достигна до 3,84 милијарди кубни метри.

Турција увезува гас низ гасоводите од Русија, Азербејџан и Иран.

The share of LNG is expected to increase over 30% out of total power generation in 2021 as lower LNG prices and abundant surplus supplies contribute to this rise.

Уделот на течниот природен гас се очекува да се зголеми преку 30 проценти од вкупното производство на електрична енергија во 2021 година бидејќи пониските цени на течниот природен гас и вишокот на резерви придонесуваат за овој пораст.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.