Sibel Morrow
04 Септември 2023•Ажурирано: 06 Септември 2023
ЊУЈОРК (АА) - Денес паднаа цените на нафтата на светскиот пазар поради очекувањата дека ограничувањата на производството во Саудиска Арабија и Русија ќе продолжат до октомври, јавува Анадолу.
Меѓународната референтна цена на нафтата „брент“ утринава изнесуваше 88,48 долари по барел откако падна за 0,08 отсто.
Американската West Texas Intermediate (WTI) (класа или мешавина на сурова нафта) се продаваше за 85,45 долари по барел, по падот за 0,11 отсто.
Во петокот цените го достигнаа највисокото ниво од ноември минатата година на 88,99 долари по барел поради загриженоста дека Саудиска Арабија и Русија ќе го задржат ограничувањето на производството до октомври.
Загриженоста особено се зголеми откако рускиот вицепремиер Александар Новак во четвртокот рече дека земјите од ОПЕК + се согласиле да го намалат снабдувањето.