Tuba Onğun
27 Септември 2023•Ажурирај: 28 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Платформата за тргување со криптовалути Бајнанс денес соопшти дека целосно ја напушта Русија, продавајќи му го својот бизнис во земјата на CommEX, пренесува Анадолу.
За да се обезбеди непречен процес за постојните руски корисници, процесот на предавање ќе трае до една година, стои во соопштението на компанијата.
„Фокусирајќи се кон иднината увидовме дека работењето во Русија не е компатибилно со стратегијата за усогласеност на Бајнанс“, истакна Ноа Перлман, директор во Бајнанс.
Во текот на следните неколку месеци Бајнанс ќе ги згасне сите услуги на берзата и деловните линии во Русија, истакна тој.
Бајнанс нагласи дека финансиските детали од договорот нема да бидат откриени.