Gökhan Kurtaran
12 Јули 2022•Ажурирај: 13 Јули 2022
ЛОНДОН (АА) - Малопродажниот сектор во Велика Британија е намален за еден отсто во последните пет недели, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Британскиот малопродажен конзорциум (BRC), малопродажниот сектор во земјата го забележа најголемиот пад по затворањата кои се воведоа поради пандемијата на коронавирусот.
Податоците покажуваат дека малопродажбата паднала за еден отсто од 29 мај до 2 јули.
Во истиот период минатата година прометот на мало во земјата е зголемен за 10,4 отсто.
Во соопштението на Британскиот малопродажен конзорциум се наведува дека потрошувачите во Велика Британија соочени со се поголема инфлација, повеќе штедат наместо да трошат, особено избегнуваат купување на бела техника или бираат поевтини алтернативи.
Малопродажбата е продажба на стоки или услуги на крајниот купувач, потрошувач или корисник. Малопродажбите се дел од системот на синџирот на снабдување. Малопродажбите купуваат производи во големи количини од произведувачи или трговци на големо, а потоа ги продаваат во помали количини на крајниот корисник.
Во мај, годишната инфлација во Велика Британија достигна 9,1 отсто, што е највисоко ниво во последните 40 години.