Murat Temizer
12 Јули 2022•Ажурирај: 13 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Меѓународната агенција за енергетика (IEA) д-р Фатих Бирол, наведувајќи дека постои глобална енергетска криза, нагласи: „Светот никогаш не бил сведок на толкава голема енергетска криза“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Обраќајќи се на глобалниот енергетски форум што се одржа во Сиднеј, д-р Бирол рече дека се наоѓаме во првата глобална енергетска криза.
Д-р Бирол зборувајќи дека зголемени се цените на нафтата, природниот гас, јагленот и електричната енергија, истакна: „Зошто? Тоа е едноставно. Русија, која ја окупираше Украина, е број еден светски извозник на нафта и природен гас. Како резултат на тоа, целиот енергетски систем минува низ криза.“
Посочувајќи дека постои глобална енергетска криза, д-р Бирол додаде: „Светот никогаш не бил сведок на толкава голема енергетска криза. Кризата е длабока и сложена. Оваа зима во Европа ќе биде многу, многу тешка.“