Burak Bir
19 Јуни 2019•Ажурирај: 20 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Повеќе од 70 милиони лица беа принудени да ги напуштат своите домови минатата година како последица на војните, конфликтите и прогоните, јавува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) денес објави извештај во кој се вели дека ова било највисоко ниво на раселување во последните 70 години.
Според годишниот извештај на Глобалните трендови на УНХЦР, овој број - повеќе од населението во Тајланд - е двојно зголемен во последните две децении.
- Три главни групи во 70-те милиони раселени лица -
Делејќи ги групите на раселени лица во бегалци, баратели на азил и внатрешно раселени лица, во извештајот се вели дека уште 2,9 милиони лица (од кои 2,3 внатрешно раселени), биле раселени во 2018 година.
Принудени да ги напуштат своите земји поради конфликт, војна или прогон, бројот на бегалците минатата година достигна 25,9 милиони.
Бројот на барателите на азил, кои се класифицирани како лица надвор од нивната земја на потекло кои добиваат меѓународна заштита, изнесува 3,5 милиони низ светот.
Бројот на третата и најбројна група, внатрешно раселените, изнесува повеќе од една половина од сите раселени 41,3 милиони лица.
„Во секоја ситуација на бегалците, каде и да се и колку и долго да се случува, мора да постои постојан акцент на пронаоѓање решенија и остранување на пречките за да бидат луѓето во можност да се вратат во своите домови“, изјави високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди.
Тој нагласи дека оваа ситуација е една од најголемите предизвици во ова време.
Во извештајот се наведува дека земјите треба да се сплотат за заедничко добро, и да го решат овој проблем со раселување.