Ayşenur Sağlam
26 Април 2018•Ажурирај: 27 Април 2018
АНКАРА (АА) - Невработеноста кај земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) во 2017 година достигна ниво од 7,6 отсто, а во Европа, Македонија е земја со најголема невработеност со стапка од 22,4 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците објавени од страна на Турскиот институт за статистика, минатата година процентот на вработување на населението на возраст над 15 години во 28 земји-членки на Европската Унија изнесува 53,5 отсто, додена невработеноста достигна ниво од 7,6 отсто.
Меѓу 33 земји од Европа, најмала невработеност е забележана во Исланд, 2,7 отсто, додека најголема навработеност има во Македонија, 22,4 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика на Република Македонија од март месец оваа година, стапката на активност во овој период е 56,8 отсто, стапката на вработеност 44,1 отсто, додека стапката на невработеност изнесува 22,4 отсто.
Процентот на невработеност кај 28 земји-членки на ЕУ изнесува 7,6 отсто, а процентот на невработеност во Турција изнесува 10,9 отсто.
Кога станува збор за вработеноста, меѓу 33 земји од Европа, Исланд е земја со највисок процент на вработеност, 80,6 отсто, додека земја со најнизок процент на вработеност е Грција, 40,9 отсто.
Минатата година Турција забележа стапка на вработување од 47,1 отсто.