Ekip
31 Јули 2020•Ажурирај: 31 Јули 2020
БОГОТА
Речиси 30 милиони луѓе во Соединетите Американски Држави (САД) наведоа минатата седмица не имале доволно за храна, податоци се на седмичната анкета за потрошувачка на домаќинствата на американското Биро за попис на населението, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на анкетата објавени во средата покажуваат дека околу 29,3 од 249 милиони испитаници изјави дека „понекогаш" или „често" немаат доволно за храна.
Тоа значи дека речиси 12 отсто од испитаниците рекле дека не имале доволно храна во последните седум дена.
Ова е најголемиот број лица за кои се наведува дека немаат пристап во доволни количини храна од почетокот на анкетирањето пред 12 седмици.
Тие податоци доаѓаат кога со голема брзина опаѓа економското производство, што доведе до висока стапка на невработеност.
Бројката на Американците кои поднесоа барања за државна помош за невработените во изминатите седмици изнесуваше 1,43 милиони, објави Министерството за труд.