Gökhan Ergöçün
31 Јули 2020•Ажурирај: 03 Август 2020
БЕРЛИН
Германската економија во вториот квартал од 2020 година падна за рекордни 10,1 отсто во однос на претходниот квартал како последица на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) која силно ја погоди потрошувачката, корпортативните влошувања и извозот, покажаа прелиминарните податоци на германскиот Статистички оддел Дестатис, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тоа е највисок квартален пад од 1970 година кога започна собирањето на податоците за бруто-домашниот производ (БДП) во Германија.
Според податоците на Дестатис, цените и БПД паднаа за 10,1 отсто во периодот април-јуни, по падот од 2 отсто во првиот квартал оваа година.
Германскиот БДП во второто тромесечје изнесуваше 768 милијарди евра, што е огромен пад во однос на истото тромесечје минатата година кога изнесуваше 846,9 милијарди евра.
БДП по глава на жител изнесуваше 9.238 евра во вториот квартал, што е значително помалку во однос на истиот квартал 2019 година кога изнесуваше 10.197 евра.
Кон средината на март, германската влада воведе бројни рестриктивни мерки за да се спречи ширењето на Ковид-19. Тие мерки вклучуваа ограничувања во јавниот живот, затворање на границите и прислилен прекин на производството, што резултираше со многу негативни последици за многумина клучни индустрии во Германиј во месеците кои следуваа.