Извозот на Турција во октомври се зголеми за 2,3 %, достигна рекордни 24 милијарди долари
На прес-конференција во Истанбул, турскиот министер Болат истакна дека земјата остварила највисок извоз за месец октомври досега, како и нов рекорд на годишно ниво
ИСТАНБУЛ (АА) – Извозот на Турција во октомври изнесуваше 24 милијарди долари, што претставува раст од 2,3 % во однос на истиот месец минатата година и нов рекорден резултат, објави денес турскиот министер за трговија, Омер Болат, јавува Анадолу.
На прес-конференција во Истанбул, Болат истакна дека земјата остварила највисок извоз за месец октомври досега, како и нов рекорд на годишно ниво, при што вкупниот извоз во последните 12 месеци достигнал 270,2 милијарди долари.
Во првите десет месеци од годината, извозот на Турција изнесувал 224,6 милијарди долари, што е зголемување од 3,9 % во споредба со истиот период минатата година.
Во октомври, увозот на Турција се зголеми за 6,6 % и достигна 31,4 милијарди долари, додека трговскиот дефицит изнесуваше 7,4 милијарди долари.
Во периодот од јануари до октомври, вкупниот трговски дефицит достигна 74,4 милијарди долари, покажуваат официјалните податоци.
